ВЛАДИМИР ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ – Во Русија од денес започнуваат да важат нови правила

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша закон со кој се забранува промена на полот, што сега може да се прави само од медицински причини, објавиja руските медиуми.

Медицинските интервенции, вклучително и употребата на лекови за промена на полот, се забранети.

Ова не вклучува процедури за третман на вродени аномалии, генетски и ендокрини заболувања поврзани со формирање на генитални органи кај деца, пропишани од лекарската комисија.

Матичните служби ќе направат промени во нивната евиденција само доколку има докторско мислење дека интервенцијата е неопходна од здравствени причини.

Ако еден од брачните другари го промени полот, бракот се поништува. Дополнително, ќе биде забрането посвојување деца по промена на полот.

Нормите на законот не важат за оние кои го промениле полот пред неговото влегување во сила.

Како што изјави заменик-министерот за здравство Евгенија Котова при расправата за предлог-законот во Комисијата за социјална политика на Советот на Русија, документот не ги нарушува уставните права на граѓаните.

Според неа, во периодот од 2018 до 2022 година, матичната служба извршила околу две илјади измени во исправите на граѓаните по промената на полот.