‘ВЛАДИМИР ПУТИН Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА’ – Претседателот на Русија со нови луди тези: “Украинците се топовско месо, Полјаците влегуваат во војна, а ако биде нападната Белорусија тогаш…“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот со членовите на рускиот Совет за безбедност кажа дека Полска планира да окупира дел од Украина.
„Што се однесува до полските лидери, тие веројатно очекуваат формирање на некаква коалиција под капата на НАТО и директно вклучување во конфликтот во Украина, за потоа да откорнат парче територија за себе и да ги вратат, како што сметаат, нивните историски територии – денешна западна Украина. Западните територии на денешна Полска се подарок од Јосиф Сталин за Полјаците, дали нашите пријатели во Варшава го заборавија тоа ? Само да ве потсетиме“, кажал Владимир Путин, пренесува весникот The Guardian.
Владимир Путин не ја поткрепи својата изјава со никакви докази, а исто така во минатото тој често зборуваше за наводните советски територијални „подароци“ за да ја оправда руската анексија на полуостровот Крим.
Нешто слично минатата недела изјави и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова: „Сега постои очигледна желба на Полска да го нападне западниот дел на Украина. Затоа Украина не беше поканета во НАТО“.
Владимир Путин, според пишувањата на медиумската агенција Reuters, исто така рекол дека Западот го разгорува „пламенот на војната“ поддржувајќи ја Украина во нејзиниот конфликт со Русија и дека западното оружје доставено до Украина „добро гори“ на бојното поле.
Владимир Путин вели и дека контраофанзивата на Киев пропаѓа и покрај воената и финансиската поддршка од западните земји.
„Во секој случај, сè уште нема резултати“, рекол Владимир Путин во телевизиската изјава по состанокот на Советот за безбедност на Русија и додал: „Не помагаат ниту колосалните ресурси кои се втурнати во режимот во Киев, ниту залихите на западно оружје, тенкови, артилерија, оклопни возила и проектили. На Западот веќе му недостасува украинско топовско месо и почнува да размислува за Полјаците и Литванците“.
Минатата недела, весникот New York Times цитираше американски и европски официјални претставници дека во првите две недели од контраофанзивата на Украина, дури 20 отсто од оружјето што го испратиле на бојното поле било оштетено или уништено, иако стапката на жртви е намалена на околу 10 отсто во следните недели.
Патем, Полска го снабдуваше Киев со оружје и прифати многу бегалци. Но, таа не покажа интерес за испраќање војници во Украина, и покрај тоа што го вели Владимир Путин.
Полска ја зајакна својата одбрана на границата со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.
Владимир Путин предупреди дека Москва ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање за да ја заштити Белорусија во случај на напад. „Иницирањето агресија против Белорусија ќе значи агресија врз Руската Федерација“, нагласил Владимир Путин.