“ВЛАДИМИР ПУТИН Е ПОСРАМЕН!“ – Успехот на Украинците е неверојатен, ‘руската гордост’ повторно уништена: “Дури ни Пентагон не мислеше дека можат да го направат тоа!“

Успехот на Украина во користењето на против-воздушните ракетни системи Patriot од американско производство за соборување руски ракети го воодушеви дури и Пентагон, според коментарите на воен аналитичар дадени за Business Insider.

Украинските власти велат дека го искористиле оружјето за да соборат неколку руски хиперсонични ракети, за кои Москва претходно се пофали дека се незапирливи.

Соединетите Американски Држави долго размислуваа, разговараа дали да ни дадат Patriot или не“, изјавил Иван Киричевски, воен експерт во изданието на украинскиот воен весник Defense Express, пренесува Newsweek.

Се испостави дека нашите сили за против-воздушна одбрана со брза обука буквално изучија се од Patriot способност што Пентагон не мислеше дека е возможна“, додал тој.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски долго време бараше од САД да испратат ракетни системи земја-воздух во Украина, кои можат да гаѓаат авиони, крстаречки ракети и балистички ракети со краток дострел.

Системите обезбедени од САД конечно пристигнаа во Украина во април, а министерот за одбрана Олекси Резников објави на социјалната мрежа Твитер тогаш: „Денес нашето убаво украинско небо станува побезбедно“.

Холандија и Германија исто така потврдија дека ќе го испратат системот во Украина.

Не е јасно колку ракетни системи Patriot има Украина, но тие се меѓу најнапредните ракети земја-воздух испратени во Украина.

Patriot е главниот систем за против-воздушна одбрана што САД го имаат во својот арсенал, со способност да дејствува на цели на оддалеченост од 100 километри.

Владимир Путин претходно ги нарече руските хиперсонични ракети Kinzal „непобедливи“. Инсајдер објави дека ранливоста на нивните ракети најверојатно ќе биде изненадување и срам за Русија, според информациите на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Минатата недела, Фабијан Хофман, истражувач во нуклеарниот проект „Осло“, изјави за британскиот Sky News дека откако Украина неодамна потврди дека соборила повеќе руски хиперсонични ракети, Русија никогаш не изгледала послаба.

Ова е навистина извонреден развој“, нагласил тој.

Фабијан Хофман на социјалната мрежа Твитер објави и дека: „Фактот дека Украина успеа да го одбрани овој напад е неверојатен, според мене, без разлика дали конечната стапка на пресретнување е 90% или 100%“, пишува Business Insider.