ВЛАДИМИР ПУТИН Е УЖАСНО ЗАГРИЖЕН – Претседателот на Русија разговарал со Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата во Израел и Појасот Газа
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја изрази својата загриженост поради „катастрофалното зголемување“ на бројот на цивилни жртви во Израел и во Појасот Газа по четиридневни борби, пренесува медиумската агенција France Press.
За време на телефонскиот разговор со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, акцентот бил ставен на значителното влошување на ситуацијата во израелско-палестинската конфликтна зона, се вели во соопштението на Кремљ.
„Тие изразија длабока загриженост поради континуираната ескалација на насилството и катастрофалното зголемување на бројот на цивилни жртви“, се додава во соопштението.
Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган повторија дека е потребен „итен прекин на огнот“ и „продолжување на преговарачкиот процес“.
Турција, исто така, објави дека двајцата претседатели разговарале за – „алармантните случувања во израелско-палестинскиот конфликт и мерките што треба да се преземат за да се избегне ескалација“.
Реџеп Таип Ердоган, исто така, кажал дека е жалосно да се гаѓаат цивилни објекти и дека Турција не ги поздравува таквите акти.