“ВЛАДИМИР ПУТИН ЖИВЕЕ ВО ЛАГА!“ – Рускиот ‘модерен цар’ е отсечен од реалноста и не сака да слуша лоши вести за неуспесите на Русија: “Русите се испратени на смрт од лудиот дедо!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не ги добива вистинските информации за неуспесите во Украина бидејќи неговите подредени не сакаат да го вознемируваат, пишува весникот Newsweek.

Ова е тврдењето од каналот на социјалната мрежа Телеграм со име „VCHK-OGPU“. Човекот кој е одговорен за каналот, тврди дека има информации и известува за „тајните на функционерите, олигарсите и гангстерите“ во Русија, а во својата неделна изјава цитираше извор „запознат со ситуацијата“ кој кажал дека – „лошите вести, особено за војната, повеќе не му се испраќаат на Владимир Путин затоа што тоа крајно би го изнервирало“.

Наводно, Владимир Путин тогаш би се налутил на личноста која му ја донела лошата вест од Украина, и често знаел да каже дека тој е под влијание на „западната пропаганда“, кажал изворот, истакнувајќи дека само оние кои му се пријавуваат со успех имаат „траен пристап“ до рускиот претседател.

Тие едноставно престанаа да му носат лоши вести на Владимир Путин затоа што претседателот не сака да ги слушне“, се вели во извештајот на каналот „VCHK-OGPU“ во изјавата што ја презедоа украинските медиуми.

Многу поинтересно е што Русите ги праќа на смрт ‘лудиот дедо’, целосно отсечен од реалноста, но изгледа тоа не им пречи“, објави медиумската агенција NEKTA, која исто така ја сподели споменатата објава од социјалната мрежа Телеграм.

Ова не е прв извештај дека Владимир Путин нема увид во деталите за тоа што се случува на фронтот во Украина. Американските разузнавачи во март рекоа дека Владимир Путин не добива вести од неговите советници за лошите перформанси на руските војници.

Претседателот на САД, Џо Бајден, исто така, тогаш кажа дека Владимир Путин „изгледа дека се изолирал“ и дека има некои индикации дека „отпуштил или ставил во домашен притвор некои од неговите советници“.

Во исто време, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кажа дека постои загриженост дека неинформираниот Владимир Путин може да значи „помалку од веродостојни“ напори за завршување на конфликтот преку мировни преговори и дека „не знаете како лидер како тој ќе реагира на лоши вести“.

Воениот аналитичар Роб Ли за РСЕ во февруари изјави дека Владимир Путин „не сака да добива лоши вести“, што значи дека руските генерали сакаат „добри вести“ од нивните полковници и дека целиот процес оди надолу.

Тоа значи дека понекогаш момците само ќе лажат за работи за да ги задржат своите позиции“, тврди Роб Ли.