„ПАТОТ ДО ДЕТЕТО Е ТЕШКО“: Познат пејач објави фотографија со БЕБЕ и ги фрли фановите во ДИЛЕМА (ФОТО)

Преслатки сте! Прекрасно ти стои, му напишале фановите на Џастин Бибер (29) кој деновиве го држел бебето во раце и го хранел.

Многумина веднаш помислија дека неговата сопруга, манекенката Хејли Ронд Бибер (26) се породила. Но, Бибер набрзо ги отфрли тие сомнежи.

Џастин Бибер

– Запознајте ја мојата внука Попи Форд Кенеди. Секој што ги познава Џејсон Кенеди и Лорен Кенеди го знае нивното патување и предизвиците низ кои поминале за да имаат деца. Сега имаат две прекрасни деца, а јас сум маѓепсан – истакна тој.

„ Сексот може да предизвика многу болка“

Хејли и Бибер се во брак од 2018 година. Година и пол претходно пејачот беше во целибат.

– Мислам дека сексот може да предизвика многу болка. Понекогаш луѓето имаат секс затоа што не се чувствуваат доволно добро и затоа што им недостасуваат лични вредности. Жените го прават тоа исто како и мажите. Сакав на тој начин повторно да му се посветам на Бог бидејќи навистина чувствував дека е подобро за состојбата на мојата душа – изјави Џастин.

Иако многумина го предвидуваа нивниот развод, парот оваа година ја прослави петтата годишнина од бракот.