ВЛАДИМИР ПУТИН ЗАПОЧНУВА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАС НА НЕГОВАТА ФОТЕЛЈА !? Во Русија ‘никнуваа’ нови воени групи по наредба на претседателот, а истите имаат голема задача!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, формира мрежа на мистериозни приватни воени компании ширум Русија за да се заштити од уште еден бунт како оној на групата Вагнер предводен од Евгениј Пригожин, пишува Business Insider.

Плановите за приватни воени компании или „специјални претпријатија“ се наведени во новиот предлог-закон со кој се зголемува старосната граница за руската Армија.

Овој потег има за цел да ги потисне саботажите и внатрешните закани“, се вели во изјавата на претседателот на комисијата за одбрана на Државната Дума (Собрание), Андреј Картаполов.

Ова доаѓа неколку недели по бунтот на руската платеничка група Вагнер, која ги откри дупките во одбраната т.е. системот на Владимир Путин.

Борците од групата наидоа на мал отпор кога ја презедоа контролата врз градот Ростов-на-Дон на 23. јуни, а потоа напредуваа кон Москва, пред водачот на бунтовниците да склучи договор со Кремљ за ставање крај на бунтот.

Иако Владимир Путин не го казни Евгениј Пригожин, водачот на бунтот, тој започна лов на предавници во руската Армија и се чини дека се плаши од идни внатрешни закани за неговата моќ.

Според извештајот, воените групи на Владимир Путин ќе бидат под команда на регионалните гувернери, ќе дејствуваат по наредба на Владимир Путин и ќе бидат вооружени од Министерството за одбрана на Русија.

Норвешкиот весник Barents Observer објави дека задачата на единиците е да ја заштитат државната граница, да се борат против илегалните вооружени групи и да се борат против странските диверзантски и разузнавачки формации, како и да ги потиснуваат внатрешните закани.

Начинот на кој вооружените групи ќе комуницираат со другите гранки на војската и разузнавачкиот апарат не е сосема јасен. Русија веќе има национална гарда, а Владимир Путин е заштитен со слоеви на безбедност.

Николај Соков, поранешен функционер на Кремљ, изјави за Daily Beast дека целта на законот е да се зајакне одбраната на Владимир Путин.

Тие се алатка за зајакнување на безбедноста што е важно со оглед на многу активните тајни акции на украинската воена разузнавачка служба и можат, доколку е потребно, да помогнат против секој нов бунт“, вели Николај Соков.

Друга клучна функција на овие групи ќе биде одбрана од внатрешни напади по серијата напади со украински беспилотни летала врз руските градови.

Руската „неуспешна“ инвазија на Украина откри дека контролата на Владимир Путин на власта можеби не е толку цврста како што се веруваше, а поранешни разузнавачки претставници изјавија за Business Insider дека дополнителни сериозни неуспеси во Украина може да резултираат со отстранување на Владимир Путин од власта, пишува весникот.