Владимир Путин за прв пат зборуваше за смртта на лидерот на Вагнер: “Во телата на убиените во авионот на Евгениј Пригожин се пронајдени фрагменти од рачни гранати“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, даде неколку интересни коментари за авионската несреќа во која загина водачот на платениците на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.
На форумот во Сочи, Русија, Владимир Путин изјави дека во телата на жртвите од несреќата биле пронајдени делови од рачни бомби, пренесува Sky News.
Ова е прва значајна нова информација по несреќата што се случи северно од Москва на крајот на август, чија причина беше обвиткана во мистерија.
Несреќата се случи два месеци откако Евгениј Пригожин го предводеше неуспешниот бунт против највисоките руски функционери.