ВЛАДИМИР ПУТИН ИМА НОВ МАСТЕР-ПЛАН !? Сергеј Шојгу ќе биде пуштен ‘низ вода’, а неговата замена е човек од доверба на Кремљ кој преговарал и со ‘готвачот’ во саботата !?

Како можен кандидат за нов министер за одбрана на Русија се споменува Алексеј Дјумин, поранешен разузнавач задолжен за безбедноста на Кремљ. Ако тоа се случи, Алексеј Дјумин ќе го замени Сергеј Шојгу, чие разрешување беше побарано од лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, за време на полудневното „востание“ минатата сабота.

50-годишниот Алексеј Дјумин, роден во Курск во западна Русија, е поранешен агент на Федералната служба за безбедност (ФСБ), која обезбедува обезбедување на претседателот и другите државни функционери. Рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2016 година го назначи за гувернер на областа Тула, а пред тоа беше заменик на Сергеј Шојгу во Министерството за одбрана на Русија

Алексеј Дјумин и Владимир Путин

Неколку аналитичари, и западни и руски, се убедени дека Алексеј Дјумин ќе ја преземе функцијата министер за одбрана, пишува NewsweekАлексеј Дјумин служеше како телохранителот на Владимир Путин кога тој беше претседател од 2000 до 2008 година, а потоа беше негов телохранител за време на премиерскиот мандат од 2008 до 2012 година.

Додека членовите на групата Вагнер минатата сабота маршираа кон Москва, нивниот командант Евгениј Пригожин кажа дека неговата цел е оставка на луѓето кои ја водат војната во Украина – министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов. Политичкиот аналитичар Сергеј Марков, кој го поддржува Кремљ, на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави дека смета дека е „многу веројатно“ Алексеј Дјумин да стане министер за одбрана, а генералот Сергеј Суровикин началник на Генералштабот.

Но, тоа нема да се случи веднаш, па не треба да мисли светот дека Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов ќе бидат отстранети по барање на бунтовниците“, напиша Сергеј Марков во својата објава.

Руслан Пухов, директор на Центарот за анализа на стратегии и технологии во Москва, изјави за Financial Times дека Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов „сега очигледно се на ред“ и дека Владимир Путин ќе ги „отстрани“ и двајцата.

Абас Гаљамов, кој три години ги пишуваше говорите на Владимир Путин, се согласи со овие тврдења.

Се чини дека Алексеј Дјумин сега е фаворит“, напиша Абас Гаљамов на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

За време на бунтот на Евгениј Пригожин, кружеа гласини дека Алексеј Дјумин бил вклучен во преговори со првиот човек на групата Вагнер пред белорускиот лидер Александар Лукашенко, наводно, да посредува во договорот за да избегне „крвопролевање“. Кремљ соопшти дека, според овој договор, Евгениј Пригожин ќе оди во Белорусија и дека кривичната постапка против него за вооружен бунт ќе биде отфрлена. 

Евгениј Пригожин

Во понеделникот медиумите објавија дека истрагата за лидерот на Вагнер сè уште останува отворена, но денес руските државни медиуми објавија, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ), дека руските власти ја затвориле истрагата за бунтот на Вагнер.

Прес-службата на регионот Тула за медиумите соопшти дека Алексеј Дјумин не учествувал во преговорите меѓу Александар Лукашенко и Евгениј Пригожин, пишува Newsweek.

Независниот медиум Meduza објави во октомври 2022 година, цитирајќи извори блиски до Кремљ, дека односите меѓу Алексеј Дјумин и Сергеј Шојгу не функционирале додека работеле заедно во Министерството за одбранаИнститутот за проучување на војната (ISW) од САД, пак, тврди дека не можат да се потврдат шпекулациите дека Алексеј Дјумин ќе го замени Сергеј Шојгу на функцијата министер за одбрана.

Секоја промена на чело на Министерството за одбрана би била значајна победа за Евгениј Пригожин“, проценуваат од ISW.