ВЛАДИМИР ПУТИН И РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – Објавени темите за кои ќе разговараат претседателите на средбата која што со нетрпение ја очекува целиот свет
Претседателот на Русија, Владимир Путин, утре во Сочи ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Ова претходно го соопшти портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, а руските медиуми објавија дека Кремљ последователно објави дека двајцата лидери ќе разговараат за развојот на заемно корисна билатерална соработка и актуелните меѓународни прашања.
На крајот на минатата недела во Москва разговараа Сергеј Лавров и Хакан Фидан, министрите за надворешни работи на Русија и Турција, кои ја дефинираа агендата за средбата меѓу двајцата претседатели.
Според Сергеј Лавров, меѓу Русија и Турција има значаен дијалог за билатерална, како и регионална и меѓународна агенда.
Претходната средба меѓу Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган исто така беше одржана во Сочи на 5. август минатата година.
Politico пишува дека враќањето на Реџеп Таип Ердоган во тој град претставува ретка посета на Русија од страна на лидер на земја од НАТО од почетокот на целосната војна што ја започна Русија во Украина.
Турските медиуми денеска објавија дека Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин ќе разговараат за билатерални и регионални прашања.
Politico наведува дека се очекува Турција да бара обновување на Црноморскиот договор за извоз на украинско жито, кој беше постигнат минатата година со посредство на ОН, а од кој Русија еднострано се повлече во јули годинава.
Покрај тоа, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин се очекува да разговараат за пристапот на Турција до евтини испораки на природен гас.