Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека не ја исклучува можноста врховниот командант и началник на Генералштабот на украинската Армија, генерал Валериј Залужни, да биде во странство.
„Знам. Мислам дека знам дека е во странство. Но, би можел да грешам“, им рекол рускиот претседател на новинарите, објавија тамошните медиуми.
Медиумите прв пат во мај годинава објавија дека Валериј Залужни е тешко ранет, но Министерството за одбрана на Украина ја демантираше оваа информација.
Но, Валериј Залужни долго време не беше виден во јавноста и не присуствуваше на состанокот на началниците на генералштабовите на земјите од НАТО.