ВЛАДИМИР ПУТИН МУ СЕ ЗАКАНИ НА СВЕТОТ! Русија има намера да ја употреби моќната нуклеарна ракета ‘Сатана II’ која може да ја погоди Велика Британија за три минути !?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и се закани на Украина со можна употреба на ракетата „Сатана II“, која има способност да стигне до Велика Британија за само три минути.

Владимир Путин, претседателот на Русија, предупреди во средата за време на неговиот говор за време на церемонијата по повод завршувањето на воената обука во Кремљ дека – „специјалната воена операција во Украина и даде на руската армија непроценливо искуство“, пишува Daily Mail.

Тој потоа се закани дека руската армија во одреден момент може да ја искористи ракетата „Сатана II“, која може да носи до 16 нуклеарни боеви глави и има дострел од 18.000 километри.

Во најблиска иднина ‘Сатана II‘ ќе биде ставен во борбена должност, а се обновуваат арсеналите на авијациските и поморските компоненти на стратешките нуклеарни сили“, вели Владимир Путин.

Секоја од проектилите може да биде насочена кон различна цел, а боевите глави имаат моќност до 750 килотони. На пример, бомбата фрлена врз Хирошима имала моќност од 15 килотони, значи 50 пати послаба од боевата глава на „Сатана II“. Станува збор за ракета која може да стигне до Велика Британија за само три минути.