Владимир Путин: “Русија е подготвена да обезбеди помош за ублажување на страдањата на цивилите во Газа“

За време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Руската Федерација е подготвена да обезбеди секаква можна помош за да се олесни страдањето на цивилите во Газа и да се деескалира конфликтот, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Се додава дека, освен тоа, бил изразен взаемен интерес за продолжување на соработката за прашањата за евакуација на руските државјани и членовите на нивните семејства, како и ослободување на Израелците приведени во Газа, пренесуваат руските медиуми.

Како што наведуваат, договорено е контактите да продолжат.

За време на разговорот, Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа