Владимир Путин само на двајца европски лидери им ги честиташе празниците и Нова Година – кои се овие “пријатели“ на Русија ?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати телеграми до лидерите на неколку земји по повод Божиќ, соопшти Кремљ. Така, Владимир Путин им ги честиташе празниците и Нова Година на лидерите на Заедницата на независни држави, со исклучок на Молдавија, како и на лидерите на Абхазија и Јужна Осетија.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, ги примија честитките на Владимир Путин. Претседателот на Русија испрати искрени пораки до лидерите на Кина, Индија, Виетнам, Лаос, Боливија, Бразил, Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Турција и Јужна Африка.

Како што соопшти руската државна медиумска агенција ТАСС, Владимир Путин упатил честитки и до папата Франциско и до голем број поранешни странски лидери, како што се поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ниту еден лидер на некоја од непријателските земји, вклучително и САД, не доби честитка.