Владина делегација денеска положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје по повод 151-годишнината од неговото раѓање.
Делегацијата е предводена од заменик министерот за финансии Филип Николоски, а во нејзин состав беа и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешни работи.