Владо Георгиев казнет поради возење во пијана состојба и злоупотреба на дрога

Пејачот Владо Георгиев е казнет со 760 евра поради возење во пијана состојба и злоупотреба на дрога, соопшти Вишиот суд во Бијело Поље.

Според информациите од судот, Георгиев возел под дејство на алкохол со концентрација од 1,22 г/кг, за што е казнет со 450 евра, како и 30 евра за процесни трошоци.

Во втората постапка, за прекршување на Законот за спречување на злоупотреба на дрога, Георгиев е казнет со 250 евра, како и дополнителни 30 евра за процесни трошоци.

– За прекршок од член 318 став 1 точка 14 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата – управување со возило под дејство на алкохол во телото со концентрација од 1,22 г/кг, судот изрече глоба од 450 евра и 30 евра за процесни трошоци на обвинетиот В.Г.(48) од Белград. Исто така, судот изрече глоба од 250 евра и 30 евра за процесни трошоци на истиот обвинет во друга постапка за делото од член 52 став 1 потстав 5 од Законот за спречување на злоупотреба на дрога. Двете решенија во двете постапки се извршени пред да станат правосилни бидејќи обвинетиот престојува во странство – објави Алија Бегановиќ, претседател и портпарол на Судот за прекршоци во Бијело Поље.

Обвинетиот ја прифатил одговорноста за делата во двете постапки, а во прекршочната евиденција е утврдено дека немал претходни осуди, соопшти судот, пренесува Вијести .

Пејачот синоќа бил приведен откако бил прегледан на регионалниот пат Пљевља-Ранче, а потоа однесен на распит во Центарот за безбедност во Пљевља.