Според податоците што ги презентираше Владата, даночните приходи за една година на Косово се зголемени за 15,5 милиони евра.
Кабинетот на премиерот во петокот соопшти дека приходите за месец јануари се 96,7 милиони евра даноци што во однос на истиот период лани се зголемени за 19,2 отсто.
„Првиот месец од годинава се одрази со значителни даночни приходи, што значи дека е добра иницијатива во реализацијата на проекцијата за оваа година“, се наведува во соопштението на Владата.
„96,7 милиони евра даноци, се приходите на месец јануари, кои во однос на истиот период лани имаме зголемување за 15,5 милиони евра или 19,2%. Во меѓувреме, пензиските придонеси се 18 милиони евра“.
Понатаму, се вели дека Даночната управа на Косово оваа година, покрај нејзините главни приоритети во наплатата на приходите, долгови и продолжување на унапредувањето на професионалните услуги за даночните обврзници, има за цел и реализација на Стратешкиот план, реализација на проекти за подобрување на исполнувањето во секторите опасни итн.
АТК им се заблагодарува на даночните обврзници за исполнувањето на даночните обврски, а воедно бара од нив да продолжат да придонесуваат за развојот на нашата земја“, се заклучува во коминикето.