Влегла во детската соба и му пукала во глава на бебето: Цела земја остана без зборови поради невидениот хорор: Позната докторка ја уби ќерка си па се самоуби (фото/видео)

Докторката Кристал Каскета (40) од Њујорк го убила своето бебе во куќа во Вестчестер, а потоа се самоубила.

Каскета беше познат специјалист по хематологија и онкологија и важеше за најдобар доктор во Њујорк.

Грозоморното убиство се случило во детската соба на бебето околу 7 часот во саботата во градот Сомерс, кој се наоѓа во округот Вестчестер. Трагедијата се случила во семејната куќа вредна милион долари во која живеела докторката со нејзината ќерка и сопругот Тим ​​Талти (37).

Видно вознемирениот сопруг не можеше да зборува за медиумите.

Возраста на детето сè уште не е позната, но објавите на социјалните мрежи сугерираат дека бебето е родено во март и има околу четири месеци.

Локалните медиуми јавуваат дека родителите на лекарката биле во куќата за време на убиството.

ГАЛА СВАДБА ВО БРУКЛИН

Кристал и Тим се венчаа во Бруклин во 2019 година на прекрасна церемонија, а невестата беше облечена во бел фустан. Талти е сопственик на компанијата „Талти Барс“, која се занимава со производство на протеински производи.

-Прелиминарната истрага откри дека околу 7 часот Кристал Каскета влегла во собата на своето дете и го застрелала нејзиното бебе, а потоа се самоубила – се наведува во краткото соопштение на полицијата.

КОЈА БЕШЕ КАСКЕТА?

Каскета дипломирала на Медицинскиот колеџ во Албани каде добила награда за нејзиното сочувство и поддршка во справувањето со пациентите. Таа ги заврши своите студии на Медицинскиот факултет Хофстра Норт Шор во Универзитетската болница каде што доби слична награда. Специјализирала за рак на дојка.

Кога била во 8-мо одделение, најдобрата пријателка на нејзината мајка починала од рак на дојка, а тој настан ја инспирирал да се занимава со медицина. Од болницата одбија да го коментираат трагичниот настан.