Влегол во тоалет и излегол со пиштол: Камерата ја сними пресметката на полицијата со младиот човек кој планирал масакр во неговото училиште (ВИДЕО)
Камерата го сними моментот кога полицијата застрела маж осомничен дека планирал масакр во неговото поранешно училиште.
На видеото прво се гледа како Рид Вишусен (32) мирно разговара со полицијата во својот дом. Осомничениот потоа во придружба до полицаецот, оди во тоалетот на првиот кат, но по неколку секунди одекналќ истрел, а подоцна се испостави дека се застрелал со намера да се самоубие.
Вишусен потоа истрча по скалите со пиштол во рацете, со намера да се соочи со полицајците.
– Спушти го пиштолот! Спушти го пиштолот – се слуша како вика еден од полицајците, по што одекнале три истрели, соборувајќи го Вишусен.
Инцидентот се случил на 28 ноември минатата година кога полицијата отишла во куќата на осомничениот во село во Сомерсет за да провери разузнавачки информации дека тој купил оружје.
На поротата во Судот во Бристол, за време на судењето во средата, беше кажано дека за време на истрагата, полицијата открила дека Вишусен составил листа за отстрел во која имало десетина поранешни соученици, наставници и полициски персонал.
Пронајдени се и неколку оружја и панцири.
На Поротата претходно и’ беше кажано дека Вишусен бил фасциниран од масовните пукања и озлогласените убијци.
Тој наводно имал план да го нападне своето поранешно училиште поради одмазда.
Поротниците слушнале дека првата фаза од наводниот план за одмазда на Виешусен бил да убие 10 луѓе користејќи конвертиран пиштол за пригушување додека носел камуфлажна облека и перика.
Вишусен ги негира обвинувањата.