ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал: Арбен Таравари е последната жртва
Али Ахмети 20 години ја претвора државата во приватен пазар за богатење на своето семејство. Додека синот, внуците и зетот градат фотоволтаични централи од 35 милиони евра, купуваат трговски центри вредни 30 милиони евра без да вложат денар, прават бизнис со мазут, тој ја врши работата на политички терен.
За да го заштити овој огромен капитал, Ахмети постојано креира поделби и лажни алијанси меѓу албанските партии. Последната жртва е Арбен Таравари, кој од лидер што го нарекуваше ДУИ „канцер” и Ахмети „корумпиран”, сега преговара со истиот човек и истата партија.
Таравари се полакоми по лажните ветувања: подрршка на локални избори, „неограничена добивки” и лични привилегии. Но, историјата покажува дека секој што влегол во пазар со Ахмети, останал без доверба, без резултати и без иднина – додека семејството Ахмети станува сè побогато.
Нашата порака до Арбен Таравари е дека првиот чекор кон Ахмети е последниот чекор во кредибилитетот пред граѓаните. Албанците не простуваат акробација за личен интерес.
ВЛЕН нема да дозволи нови пазари со судбината на нашиот народ. Нула толеранција за корупција, транспарентна власт и обединување на сите искрени прогресивни сили – тоа е нашиот пат.
Кога Ахмети дели, ние обединуваме. Кога Ахмети пазари за свој ќар, ние се бориме за интересот на сите Албанци.