„Димитар Апасиев ѝ даде јавна поддршка на Данела Арсовска за нејзините активности нарачани од ДУИ, против граѓаните на Чаир и Сарај. Димитар Апасиев повеќе не ја крие коалицијата на Левица, ДУИ и Арсовска. Ако на граѓаните на Чаир, Сарај и на Скопје не им беше јасна причината за хаосот што го предизвикува Данела Арсовска, сега сè станува јасно. Ова е плод на соработката на ДУИ со Левица“, велат од коалицијата ВЛЕН.
Оваа коалиција вели дека се обидуваат да ги сокријат и заштитат дивоградбите што ги изградиле ДУИ и нејзините партнери.
„Целта е да се обвинат другите, да се обвинат обичните албански семејства кои едвај легализирале стан или куќа од 50-60 квадратни метри, да се сокријат магацините, базените, палатите и другите објекти на кланот ДУИ што владее во Сарај и Шутка. Јасно е дека Данела Арсовска има некаква мала корист од кланот ДУИ, а тие јавно се засрамуваат. Директорите на јавните претпријатија во Скопјe се кадри на Блерим Беџети од една страна и на Левица и Димитар Апасиев од друга страна. Она што не се чисти, ѓубрето не се собира, улиците не се мијат – и тоа токму во населбите каде што живеат Албанци – е резултат на коалицијата на Блерим, Апасиев и Данела. Нивните директори свесно не си ја работат работата. Коалицијата во Градот Скопјe е видлива на секоја седница на Градскиот совет. Левица секогаш гласа позитивно за извештаите на директорите од ДУИ, а за извештаите на директорите на „Левица, ДУИ гласа за возврат“. Коалицијата на Левица, ДУИ и Данела Арсовска во изјава ја потврди и поранешниот заменик градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски. Треба да им биде јасно на Албанците во Скопје дека целиот овој хаос, нечистотија, градежништво и бизниси се должат на личните интереси на кланот ДУИ и Данела Арсовска. Одлична соработка за нив и во нивен интерес, а на штета на Албанците во Скопје“, велат од ВЛЕН.
Според ВЛЕН, во Сарај не се инвестира ништо.
„На 12.10.2021 година, Арсовска јавно вети: „За сите населени места во Сарај ќе има посебна програма со приоритет за решавање на клучните проблеми од инфраструктурата, водоснабдувањето и канализацијата. Кружниот тек на влезот во Сарај конечно ќе биде изграден. Ќе го поврзе кањонот Матка со автопатот и кружниот тек.“ – Целиот мандат помина, а ништо не е направено. Во Чаир е уште полошо. Нема булевари, нема паркови. Иако им беше ветено. Она што не беше ветено, а беше исполнето, се раководните позиции за кадрите на Блерим и Апасиев. Граѓаните на Скопје, Сарај и Чаир не треба да бидат заложници на бизнис интересите на кланот ДУИ и Данела Арсовска. Го повикуваме градоначалникот на Градот Скопјe да ги испрати јавните претпријатија да си ја завршат работата. Скопје, Сарај и Чаир се дават во ѓубре и нечистотија. Ќе има одговорност. Граѓаните не се слепи. Доволно си ги потценила. Се удираш во гради за патриотизам, додека работиш со Апасиев. Доста беше со ДУИ. Доста беше со скапан систем на штета на Албанците. ВЛЕН, во наредните денови, детално ќе ја информира јавноста за сите неовластени објекти Кланот ДУИ што владее во Сарај и Шутка. ВЛЕН ќе ги информира и институциите – Министерството за внатрешни работи, Антикорупциската и Обвинителството. Јавноста ќе ја види сликата на Данела и малиот интерес на Димитар Апасиев, но ќе ја види и целата криминална империја околу кланот ДУИ што владее во Сарај и Шутка“, се наведува во одговорот на ВЛЕН.