ВЛЕН: ДУИ со лажен патриотизам, но и со полни џебови

ДУИ стана синоним за криминал, корупција и изнуда на бизниси и граѓани, особено Албанци, се вели во денешното соопштение на ВЛЕН.

„Оваа партија со тенденции на африкански и латински режими во текот на нивното 20-годишно владеење го доведе граѓанинот во состојба на питачење. Додека грст луѓе од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, простиот Албанец кој чесно си го заработуваше лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни потреби.

Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Треба да знаете дека додека ДУИ во опозиција има полна уста со лажен патриотизам, една клика си ги наполни џебовите.

Нема да дозволиме нивните скандали да бидат заборавени. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради империја за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, заедно со неговиот син, се одмора во суперлуксузните хотели во Турција, каде една ноќ чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравина за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со огномет.

Блерант Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правниот испит пред да дипломира, а потоа станал обвинител. Да не зборуваме за Лотаријата и игрите на среќа во режија на Запарим Бајрами и Артан Груб кои ги зафатија нашите маала. Очекуваме органите на прогонот да ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните и да ја вратат вербата во владеењето на правото“, обвинува ВЛЕН.