ВЛЕН преку соопштение му одговори на СДСМ нарекувајќи го портпарол на ДУИ. Од ВЛЕН велат дека „стравот на опозицијата од она што доаѓа им ја одзеде можноста за рационално размислување. Така, СДСМ не разбира дека ДУИ сега ја користи како свој портпарол“.
„Бидејќи криминализираното раководство на ДУИ се обиде да обезбеди екстрадиција на Блерим Рамадани во Србија за да создаде тензија и да го обвини ВЛЕН за предавство, сега им сервира лажни информации на СДСМ.
„И така, очајот за медиумско внимание го зема својот данок. Сметаат дека со вакви наводно бомбастични признанија ќе ги покријат своите внатрешни слабости. Затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да не се однесуваат по онаа изрека „гладна кокошка пченка сонува“! Нека ја чекаат конечната одлука на судовите за екстрадиција пред да излезат со апсурди. И можат да бидат сосема сигурни дека владината коалиција не може да ја потресат структури потопени до гуша во политичка корупција, кои се во паничен страв од кривична одговорност“, велат од ВЛЕН.