ВМРО:ДПМНЕ: Ако сакаме да бидеме сериозна НАТО земја, мора да имаме квалитетни авиони

Големи се последиците што ние како држава ги трпиме од употребата на сегашниот авион кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сведоци сме дека низ историјата на државата државните авиони се користеле за владини потреби за патување на владините лидери, за безбедно и без дополнителни трошоци да стигнат до посакуваната дестинација.

Како земја членка на НАТО, ако сакаме да бидеме сериозна земја, мора да имаме квалитетни авиони. Сегашните авиони во државна служба често се расипани и имаат потреба од поправки, што ја „чини“ државата.

Државниот авион нема да биде на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДС и ДУИ, туку ќе биде за потребите на државата. Тесноградоста на СДС и заслепеноста на Филипче покажуваат дека не гледаат подалеку од партиското слепило.

Авионот нема да се користи за смирување на коалициите на владејачката партија, како што бевме сведоци во минатото, туку за користење на државниот врв да патува на службени патувања каде што е претставена Македонија и се штитат државните интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.