Не можеме да ја разбереме радоста на СДСМ што го искористи трагичниот настан во Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, нивното лицемерие се гледа од една страна со Венко Филипче, кој е директно одговорен за палењето на модуларната болница и смртта на 15 лица, а од друга страна неговата партија преку судот постапува кој треба, а кој не треба да биде уапсен.
СДСМ да престане да гради радост на колективни несреќи како во Кочани, трагичната судбина на Фросина, Мартин Нешковски, малата Тамара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да престане со опструкциите и дефокусирањето на истрагите. Според нив, во овој случај се вмешани луѓе од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и луѓе кои не се од ниту една партија, а правдата треба да биде неселективна.