ВМРО-ДПМНЕ: “Акцијата за пошумување на СДСМ е копија на – Ден на дрвото“

Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“.

Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:
1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено ?
2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија ?
3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари ?

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.