ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска и ДУИ го претворија Скопје во депонија

ВМРО-ДПМНЕ денес реагираше на состојбата со управувањето со депонијата „Дрисла“ и јавната чистота во Скопје, обвинувајќи ја градоначалничката, Данела Арсовска, дека коалицира со ДУИ, СДСМ и Левица за да создаде хаос и нефункционалност во градот.

„Дури и врапчињата знаат дека „Дрисла“ е управувана од ДУИ“, се наведува во одговорот на партијата, нагласувајќи дека неспособноста на Арсовска и нејзините партнери е директна причина за, како што велат, лошата состојба со ѓубрето и отпадот во Скопје.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не се виновни за кризите што се создаваат, а градот не треба да остане заложник на, како што ја нарекуваат, „штетната коалиција СДС-ДУИ-Левица“.