ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: Седум години подземни криминални банди се борат по скопските улици
Македонија и Скопје се несигурни со Оливер Спасовски и СДСМ. Не поминува месец, а да не се случи тепачка или убиство во центарот на Скопје. Седум години подземни кирминели се тепаат по скопските улици, по трговските центри и кафулињата на Скопје, а Спасовски не само што не прави ништо за да ги фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија е единствената земја каде што криминалците се заштитени од властите, наместо да бидат санкционирани од нив. Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир.
Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да преземе одговорност и да потпише оставка?
Доколку Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи. Среде бел ден се тепаат криминалци, а Спасовски прави ПР и се подготвува за претседателски избори. Спасовски не може да води министерство, а камоли цела држава.
И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го осудат лицето што пукаше во Ист Гејт, нека ги прашаат сопартијците и коалиционите партнери од ДУИ која е личноста, бидејќи во текот на 4 години имаат најмногу фотографии со криминалци од подземјето.
Важно е да има промена на власта, да има реставрација на целиот безбедносен систем. Важно е да се обезбеди сигурност, спокој и сигурност за граѓаните“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.