ВМРО-ДПМНЕ: “Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила“

Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8-ми мај.

Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција.

Фрапантно е како една партија може да се гордее со поразите на сопствената држава, па макар таа партија била и СДС.

Од друга страна разбираме зошто Каевски излегува и се срами себе, милионите на сметка и имотот очигледно тежат.

Нека не се потресуваат во СДС, за Македонија доаѓаат подобри времиња. А тие кои ја уништија државата набргу од сега ќе бидат минато, затоа што со СДС немаме држава, и тоа мора да го промениме. 

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.