Венко Филипче е чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДСМ. Ова е општ впечаток во мислењето, дури и во самата СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„И партиски членови и функционери велат дека СДС е партија во стапица, дека претседателските избори биле компромитирани, а не демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.
Самите членови и функционери на СДС велат дека во избирачкиот список имало духови, дека членовите не смееле да гласаат, па на крајот Филипче бил избран со 9.000 гласови од 80.000 членови.
Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите што се случија во нивниот мандат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста, велат оттаму, се уште го памети скандалот со набавката на вакцините, крвавиот тендер, обидите за приватизација на јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болница.