ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЈСП од СДС, кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст, да каже зошто автобусите се палат
Директорот на ЈСП од СДС кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст да каже зошто автобусуте се палат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС заедно со Арсовска го окупираше ЈСП, правеа милионски договори за свои блиски фирми, се натплаќаа тендери, а сега прашуваат зошто се палат автобуси.
Лошата состојба во ЈСП е резултат на СДС и Арсовска кои управуваат со градот веќе 7 година.
Скопје ќе има подобар транспорт со целосното заминување на СДС и Арсовска.
А за сите криминали и незаконитости одговорност ќе има“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.