ВМРО-ДПМНЕ го вети и реализираше првиот чекор кон целосна трансформација на Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека во ситуација кога не е формирана влада, Собранието изгласа закон со мнозинство од 2/3. Според ВМРО-ДПМНЕ, законските измени кои беа дел од предизборните ветувања се работени со претставници на ЕУ и се дел од Програмата – ИПА.
„Првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност за условување бидејќи законските измени се реформативни и транспарентни. И, во оваа ситуација тоа никој не може да го условува, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, сите законски и системски измени ќе се работат низ јасна процедура, со јасен правен наратив, кој нема да дозволи простор за проблематизирање и блокирање.
„За разлика од минатото кога СДСМ носеше закони за остварување криминал и корупција, денес зборуваме за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи околу агендата – Македонија е повторно твоја“, рече Митева.
Таа додаде дека почнуваат промените, следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.