ВМРО-ДПМНЕ: “За каква економска помош зборува Ковачевски кога се поголем е бројот на компании кои едвај врзуваат крај со крај ?“
За каква поддршка говори Ковачевски, само минатата година клуч на врата ставија близу 7 илјади фирми, а сега покачи и даноци за да го полни буџетот испразнет поради криминал
За каква помош кон економијата зборува Ковачевски ? Дали за воведувањето на таканаречениот солидарен данок со кој удри по компаниите кои чесно работат и плаќаат придонеси или за зголемувањето на ДДВ за над 1.000 производи ?
Која помош ја даде Ковачевски кон економијата кога има пад на реалната плата ? Каде одат парите од буџетот и како се трошат ?
Само во 2022 година заради СДС и Ковачевски се затворени 6.857 компании, од кои 5 се големи фирми со над 250 вработени и над 10 милиони евра приходи, потоа затворени се 3 средни компании кои имаат до 250 вработени и 10 милиони евра приходи, останатите се мали и микро претпријатија од кои се издржувале исто толкав број на семејства.
За каква економска помош зборува Ковачевски кога се поголем е бројот на компании кои едвај врзуваат крај со крај ? Имено лоши им оди на компаниите низ целата држава. Ако се погледнат податоците објавени во медиумите направени врз анализа на Бизнисмрежа, се доаѓа до заклучок дека во 2022 година во Скопје се затворени 2.299 претпријатија, во Битола 411, во Тетово 385, во Куманово 340, во Гостивар 305.
Фирмите се борат да преживеaт, па оттука нејасно е на што се троши најголемиот буџет во историјата на државата?
Ковачевски ја сфаќа економијата како тендери во 4 очи и преземање фирми за 0 денари како Дрин со Соравија.
Со СДС економијата оди само надолу. Народот е се понезадоволен, затоа потребни се промени.
Со почит,
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ