ВМРО-ДПМНЕ: Измените во Законот за енергетика што ги предлагаме ќе го спречат поскапувањето на струјата за повеќето домаќинства
Со заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ се случува ново поскапување на струјата што директно се одразува на економијата и на семејниот буџет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и поради оваа причина поднесе предлог-закон за комплетирање на законот за енергетика по скратена постапка, со што ќе се спречи поскапувањето на струјата за повеќето домаќинства сега на почетокот на јули.
Имајќи предвид дека универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја нуди истата услуга и во иднина, Регулаторното тело треба да ја продолжи лиценцата само со измените, без никаква дополнителна бирократска процедура која чини пари и време, а во исто време маржата ќе се намали од 11,5 % до 9,9%.
Овие измени, но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитиле граѓаните од поскапување и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.
Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата, се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата, ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката што треба да резултира со намалување на цената на струјата во следниот регулаторен период од јануари 2025 година, како за домаќинствата, така и за стопанството“, додадете од ВМРО-ДПМНЕ.