Минималната синдикална кошничка е намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во минималната синдикална кошничка, која ја пресметува Македонскиот синдикат, пресметано е дека трошоците за храна и пијалоци на едно четиричлено семејство се намалени за 1000 денари во октомври во однос на септември годинава.
Владата со преземање реални мерки го одржува и го зголемува животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните добија партнер во Владата. Се зголемуваат пензиите и платите, се подобрува бизнис климата.
Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2,5%, за време на владата на СДСМ беше двоцифрена.
Македонија оди напред, а економијата се трансформира на подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.