Мнозинството во Градскиот совет на град Скопјe го има ВМРО-ДПМНЕ заедно со владините коалициски партнери „ВЛЕН“ и ЗНАМ. Според распределбата на мандатите, ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, ВЛЕН, ДУИ и Левица ќе имаат по шест советници, а СДСМ ќе има пет советници, или седум помалку отколку на претходните избори, кога имаа 12 советници.
Партијата ЗНАМ, коалицијата „Искуство за успех“ и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен и хуман град“ ќе имаат по еден советник.
Од вкупно 45 советници во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ имаат вкупно 25 советници.
На последните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ имаше и 18 советници. Тогаш СДСМ освои 12, ДУИ (АКИ) пет, Левица четири, додека Алијансата за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од „Зелениот и човечки град“ имаа по две места.