ВМРО-ДПМНЕ: Кос потврди дека нема гаранција дека ова се последните бугарски барања за членство на Македонија во ЕУ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еврокомесарот потврдил дека уставните измени не се гаранција за членство на земјата во ЕУ.

Димитар Ковачевски како премиер и лидер на СДСМ тврдеше дека уставните измени се последната пречка за влез на Македонија во ЕУ. СДСМ водеше кампања во која нè убедуваше дека сме подготвени за влез во ЕУ и пречка за тоа беа уставните измени, по што сè ќе се смени, изјави членот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„ВМРО-ДПМНЕ тогаш кажа дека СДСМ, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања. Тоа што го кажа ВМРО-ДПМНЕ, сега го кажа и ЕУ, поточно еврокомесарката Марта Кос, која потврди дека нема последна гаранција дека тоа се барањата од Бугарија.

Еврокомесарката Кос рече дека не може да потврди дека нема да има нови блокади поради билатерални прашања.

Каде се сега СДСМ? Каде се сокриле? Откако ја доведоа државата во безизлезна ситуација, се кријат и молчат“, вели Манасиевски.