Македонската опозициска партија повторно го повика СДСМ да се охрабри за избори без техничка влада, но и без технички премиер од редовите на ДУИ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека техничката влада во изминатиот период се покажала како нефункционална.
„Во време на техничко управување, освен нефункционални институции, граѓаните не добиваат ништо друго. ДУИ е најкриминализираната структура во државата. Нема функционер од таа партија што не е вмешан во корупција“.
„За државата е срамота што техничкиот премиер доаѓа од нивните редови. Во Македонија може да има избори без техничка влада и без технички премиер од ДУИ. СДСМ треба само да се охрабри и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.