ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ да им се извини на граѓаните поради криминалот на Артан Груби, затоа што, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие биле директни соучесници во криминалот.

„Антидржавните партии СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште. Манипулативните техники на СДС не поминуваат кај граѓаните и затоа рејтингот им е во колапс.

СДС и ДУИ се нервозни, исплашени и во паника и затоа со сите сили се борат да го заштитат криминалот на Груби и ДУИ.

Затоа што за криминалот и корупцијата на Груби и ДУИ знаеја и беа директни соучесници, и тоа само поради една причина, бидејќи врвен приоритет им беше останувањето на власт.

Поради лични и лукративни причини Филипче не се отргнува од Заев и неговите деструктивните политики и не се извинува за криминалот на Артан Груби.

СДС и Филипче наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија, нудат дефокус, политиканство и циркуз.

СДС и Филипче се елементарна непогода на политичката сцена.

Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.