Власта го спречи поскапувањето на струјата, ценовен шок што зад себе го оставија СДСМ и ДУИ, се вели во коминикето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат дека парламентарното мнозинство го изгласало Законот за дополнување на Законот за енергетика, со кој се спречи поскапувањето на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
„Кај СДСМ и ДУИ струјата е зголемена за 50 проценти во последните 7 години. Секоја година имаше зголемување. Оваа практика беше спречена од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема повеќе поскапувања на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата“, велат од партијата.
Во Собранието, по скратена постапка, беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за енергетика, презентирани од ВМРО-ДПМНЕ, со кои наместо разликата од 11,5 отсто, ќе се наплаќа разликата од 9,9 отсто.
Затоа од 1 јули да нема поскапување на струјата, па да биде минимално.