ВМРО-ДПМНЕ: Откако ЕВН се продаде на Австријците, сега СДСМ и ДУИ се подготвуваaт да го продадат МЕПСО на Грците
Веќе втор ден како Владата се крие од јавноста, во врска со последните информации кои доаѓаат од Грција, дека се заинтересирани за купување на МЕПСО. Освен штурото соопштение на МЕПСО, каде не соопштија ништо околу информациите и потврдија дека за ваков чекор решава Владата, оправдано се појавуваат сомнежи и загриженост кај македонските граѓани, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
„За потсетување, на сличен начин во 2006 година, исто и како сега, неколку месеци пред катастрофалниот изборен пораз, СДСM и ДУИ, против волјата на народот, ја продадоа ЕВН – капитален државен ресурс. Овој чекор низ годините, многупати се покажа како негативен за државните интереси и за стандардот на граѓаните. Дали се точни информациите дека планираат продажба на МЕПСО? Дали се свесни дека со ова Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел, од друга странска држава? Зошто ова се прави во целосна тајност, непосредно пред избори каде повторно, исто како и во 2006 година, се свесни за изборниот потоп кој ги чека? Дали е ова уште еден класичен пример за корупција, како многу кои ги видовме низ годините, случај на ‘бонбона бизнис’ и провизии за поединци во државниот врв? Дали знаат дека додека секојдневно зборуваат за ЕУ, НАТО и Америка, со овој чекор 24% од македонскиот енергетски систем, би припаднал, во сопственост на кинеска државна компанија“, праша Јаревски.