ВМРО-ДПМНЕ сака да има корист од трагедија и човечка жртва“, велат од СДСМ

„Потребата за политизирање на жртвите, во ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема ни трошка човечност. Додека цела Македонија е во жалост и институциите целосно го расветлија случајот, ВМРО-ДПМНЕ сака да има корист од трагедијата и човечки жртви“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква хуманост. Тие имаат потреба да ги политизираат жртвите.

Најмалку што можат и треба да направат е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција“, соопшти СДСМ.