ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче знаеја за криминалот на Груби, молчеа за да не им падне власта

„Венко Филипче како претседател на СДСМ знаел за криминалите што ги направил Артан Груби“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, коментирајќи го случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.

„Со години Артан Груби ја краде државата и СДСМ тоа го знае и молчи. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за измамничката ДУИ СДС, токму на тоа мислеше. СДСМ молчеше и го дозволи криминалот на Груби за да не се налутат и ДУИ да не излезе од коалицијата“, рече Петрушевски.

Тој истакна дека опозицијата и Филипче треба да им се извинат на граѓаните за случајот „Груби“.

„Да не беше СДСМ и нивната болна желба за власт по секоја цена, Буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите пријатели“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.