ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат со истата игра како за „Преспански“, некако тешко дека овие пратеници ќе ја играат
Задкулисните игри кои се одвиваа пред потпишувањето на Преспанскиот договор, истите структури повторно се обидуваат да ги спроведат и за ново отворање на Уставот. Ќе разговараме „пратеник по пратеник“, велат отворено од власта, обидувајќи се да најдат плен преку кој сосила и против волјата на повеќе од 70% од народот ги изтуркаат уставните измени со сила.
Но, уставни измени преку изигрување на волјата на народот нема да се случат, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се цврсти на ставот дека се на страната на интересите на Македонија, а не на личните ситни бенефиции.
Издржавме многу, ќе издржиме сѐ што е потребно, бидејќи Македонија нема цена, порача денеска пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Вели не прифаќаат ниту имаат намера да прифатат ултиматум.
Дека сите пратеници од најголемата опозициска партија се на иста линија, денеска потврди и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниеден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс, порача меѓудругото тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на поранешниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски, му порача дека нема да дозволи да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане сè подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина.
Ако ти сакаш раздор, тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која сè повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот нè бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес, порача Мицкоски.
Кога ќе се излезе од целиот овој наметнат дефокус на јавноста и објективно ќе се погледне целата слика, се доаѓа и до вистинските бројки, кои покажуваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат овие измени, а партијата никогаш не била покомпакна. Кај СДСМ, пак, минус двајца се пратеници кои би гласале „ЗА“, што покажува дека разединетоста и проблемите се во таа партија, а не кај опозицијата.