ВМРО-ДПМНЕ: Со изборот на Талат Џафери за технички премиер, СДСМ ја предаде фотелјата на ДУИ

Вчера со гласањето на Талат Џафер за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да ја спаси фотелјата и коруптивните зделки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Верните слуги на ДУИ вчера го направија македонскиот народ станари во својата земја и дозволија партија која нема број пратеници и гласови да биде премиер на државата. Партија која е се, едноставно не европска, партија насилници, кои влегуваат во институции за да се пресметаат, каде има корумпирани функционери, кои мислат само како да грабнат што повеќе милиони и имот за себе и за своите деца и внуци нивни.

Талат Џафери е синоним за политичар и личност која не е достојна да биде во оваа држава. Човек близок до подземјето каде често се фотографира со нив, човек кој кршеше закони и прописи во парламентот кога требаше, човек кој ја вработи ќерка си во ЕЛЕМ, а неговиот син полагаше правосуден испит без диплома, човек кој го блокираа и законот за одбрана со читање поезија од говорница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.