Кичевски е потребно да запраша зошто некој го мести во СДС толку очигледно, па мора со сила да се прави недоветен. Добро е да биде информиран, ако не знаел или не му кажале дека сите инвестициски програми зад кој се кријат бизниси, во Советот на Град Скопје без исклучок ги гласа неговата СДС, ДУИ и фолирантите од Левица.
А, кога сме кај Кичевски причината зошто тој мора, на очиглед на целата јавност да збори глупости, веројатно е поради фактот што е уценет и знае дека брзо ќе дојде времето кога ќе мора да одговара за реалните сомнежи за набавка на електронскиот систем за пораки на ПОЦ каде што тој токму беше дел.