ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата

Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист. Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија. Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто. Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност – велат од партијата.