„ВМРО ДПМНЕ е одговорна партија посветена на забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија“, велат од партијата и додаваат дека следната 2025 година ќе биде година на развој со многу капитални инвестиции, развој на економијата и зголемување на животниот стандард и благосостојбата на граѓаните.
„За таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе го поддржи и гарантира растот на македонската економија од 3,7%. Во буџетот за 2025 година, зголемувањето на приходите од ДДВ се предвидува да биде за 10,5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царина ќе биде 20%, нешто што ВМРО ДПМНЕ покажа дека е можно со труд и домашна работа со преземањето на власта. Покрај зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходите, па во буџетската ставка набавки на стоки и услуги ќе има намалување од 0,5%. Со овие зголемени приходи и намалени расходи ќе останат повеќе пари во буџетот кои директно ќе завршат кај граѓаните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека токму поради оваа причина во буџетот за 2025 година е вклучена социјална компонента која предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, за да има зголемување на платите и пензиите.
„Во буџетот за наредната година ќе има и нови покачувања на платите на наставниците и образовните работници од основно до високо образование. Зголемување на платите ќе имаат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи второто линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари за сите пензионери. Сето ова покажува дека 2025 година ќе биде година на развој со многу инвестиции, развој на економијата и зголемување на стандардот и благосостојбата на граѓаните, а осумте нови странски инвестиции за кои Владата веќе се согласи ќе придонесе за ова. Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија е веќе започната и за тоа посветено работи Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.