ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.

Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон Европското семејство.

Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите општествено – политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Северна Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.