ВНИМАВАЈТЕ! Грешките што ги правите со кондомите може да ве чинат многу скапо: Внимавајте на овие работи по и пред ‘акцијата’ – прочитајте
Мажите често грешат кога се во прашање кондомите – а токму занемарувањето на „ситниците“ може да создаде бројни проблеми.
Кондомите се еден од најдобрите и најлесните начини за спречување на бременост и намалување на ризикот од сексуално преносливи инфекции. И иако многумина веруваат дека знаат како правилно да користат контрацепција, сепак ризикуваат да направат грешки. Овие пропусти не само што можат да го зголемат ризикот кај жената од несакана бременост, туку можат и двата пола да ги изложат на бактерии и вируси.
Ова се некои од најчестите грешки што ги прават мажите кога користат кондом.
- Не го проверуваат датумот на истекување.
Како и секој друг „расиплив“ предмет, кондомите може да истечат и да се оштетат. Употребата на кондоми со истечен рок често доведува до раскинување и протекување и не само што ги зголемува шансите жената да забремени, туку и двата пола ги прави поподложни на инфекции. Затоа, задолжително проверете го датумот на производство пред да го купите. - Прерано го ставаат кондомот.
Мажите треба да знаат кога да стават кондом. Не треба да биде предоцна за време на односот, ниту прерано, а особено не пред пенисот да се подигне. Ако го правите тоа, голема е веројатноста дека не сте го ставиле правилно. Ова дополнително може да го зголеми ризикот од сексуално преносливи инфекции и да го зголеми ризикот од несакана бременост. - Не обрнуваат внимание на големината на кондомот.
Кондомите може да се најдат во сите големини, пред се затоа што погрешниот број може да влијае на ризикот од несакана бременост и изложеност на инфекции. Како ? Бидејќи носењето премногу тесен или премногу „лабав“ кондом може да предизвика многу проблеми. Ако е премногу мал, може да биде оштетен или скинат. Исто така, ако е преголем, лесно може да се лизне и на тој начин да не ја „заврши работата“. - Не го вадат кондомот веднаш по „празнењето“.
Откако ќе ејакулирате, важно е да го извадите кондомот што е можно поскоро. Ова е ако сакате да избегнете излевање, што може да се случи кога ерекцијата „се смирува“. Мажите обично ја губат својата „моќ“ веднаш по ејакулацијата и тоа може да предизвика лизгање на кондомот и истурање на семето, дури и таму каде што тоа воопшто не е пожелно. За да го спречите ова, отстранете го кондомот веднаш штом ќе завршите!